Малопродажните цени на еуросуперот БС-98 и на мазутот благо се зголемуваат, цената на екстралесното се намалува, а на еуросуперот БС-95 и на дизелот останува непроменета. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати. Согласно одлуката, малопродажната цена на еуросуперот БС-98, во однос на цената утврдена се зголемува за 0,5 ден/лит и со тоа сега изнесува 78,50 ден/лит. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит и со тоа цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 57,00 ден/лит.
Малопродажните цени на еуросуперот БС-98 и на мазутот благо се зголемуваат, цената на екстралесното се намалува, а на еуросуперот БС-95 и на дизелот останува непроменета.
Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, малопродажната цена на еуросуперот БС-98, во однос на цената утврдена се зголемува за 0,5 ден/лит и со тоа сега изнесува 78,50 ден/лит.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит и со тоа цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 57,00 ден/лит.
Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,346 ден/кг, со што од вторник ќе се продава по 39,803 денари за еден килограм.
Литар еуросуперот БС-95 и натаму ќе се продава по цена од 76,50 денари, а цената на дизелот останува 68,5 денари за литар.